ПРВ.мк
Црна Хроника

Семејни драми во последното деноноќие - ова е бројот на лица приведени за само 24 часа!

Семејни драми во последното деноноќие  - ова е бројот на лица приведени за само 24 часа!
Kristal

На 27 март 2026 година, полициски службеници од различни региони во земјава интервенираа во повеќе случаи на семејно насилство.

Во Крива Паланка, 48-годишен маж бил лишен од слобода откако физички ги нападнал својата сопруга, синот и снаата во семејниот дом.

Во Куманово, Т.Ј. (35) бил приведен поради физички напад врз својата сестра.

Во Прилеп, 21-годишник пријавил напад од својот брат Б.С., додека во Тетово, 30-годишна жена известила дека поранешниот партнер, со кој била во вонбрачна заедница, во повеќе наврати ја следел и испраќал навредливи пораки, а бил забележан и во близина на нејзиното работно место.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи и дека по документирањето на настаните против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape