ПРВ.мк
Црна Хроника

Семејна драма: Приведена 23-годишна жена по инцидент со свекрвата и свекорот

Семејна драма: Приведена 23-годишна жена по инцидент со свекрвата и свекорот

Дваесет и тригодишна жена од Македонска Каменица била лишена од слобода по пријавен семеен инцидент во кој биле вмешани нејзиниот сопруг, свекрвата и свекорот.

Според информациите од МВР, полициски службеници ја привеле жената на 27 август околу 21:35 часот, откако претходно било пријавено дека во семејниот дом фрлила нож кон својот свекор.

На инцидентот, според пријавеното во полицијата, му претходела расправија меѓу 23-годишната жена и нејзиниот сопруг.

Потоа, како што е наведено во пријавата, жената физички ја нападнала својата свекрва, а потоа фрлила нож кон свекорот. Ножот го погодил мажот во ногата.

Според полициските информации, по ова и свекорот ја удрил 23-годишната жена со тврд предмет.

Полицијата работи на целосно утврдување на околностите и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.