Четири лица биле приведени по физичка пресметка во семеен дом на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 27 август околу 23:30 часот, на улицата „Бутелски Венец“, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле И.М. (29), П.М. (27), С.М. (49) и Ф.М. (48), сите од Шуто Оризари.
На приведувањето му претходила пријава дека околу 23:00 часот во семејниот дом бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Според пријавеното, во инцидентот од едната страна учествувале 29-годишниот И.М. и 27-годишниот П.М., а од другата страна 49-годишниот С.М., кој е чичко на еден од нив, и 48-годишниот Ф.М.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.
Од МВР информираат дека по завршувањето на постапката ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.







