СВР Тетово поднесе кривична пријава против 61-годишен жител на Желино, осомничен дека подолг период полово вознемирувал жена додека била на своето работно место.
Според информациите од МВР, А.А. повеќе од еден месец секојдневно доаѓал во продажниот објект во кој работела жената.
Како што е наведено во пријавата, тој влегувал во објектот во моменти кога жената била сама и ѝ упатувал недолични зборови.
По преземените мерки, СВР Тетово поднесе кривична пријава против 61-годишникот поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „полово вознемирување“.






