ПРВ.мк
Црна Хроника

Работник тешко повреден по пад од зграда - ова се деталите

Работник тешко повреден по пад од зграда - ова се деталите

Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од зграда додека извршувал работни задачи.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 јули околу 17:00 часот, лекар од Итната медицинска помош во Куманово пријавил дека кај нив бил донесен С.Т. (65) со сериозни повреди.

Според првичните информации, несреќата се случила на булеварот „Октомвриска револуција“, каде што работникот паднал од зграда за време на извршување на работните обврски.

По укажаната прва медицинска помош, повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила работната несреќа.