Во населбата Велики Врбовски во општината Палилула во Белград, утрово се случила ужасна несреќа кога работна машина прегазила човек кој починал на лице место.
Како што тврди „Telegraf.rs“, повикувајќи се на свои сознанија, работник во една фирма управувал со машина во рамките на работите на инсталации, се движел во рикверц и не забележал дека зад него има човек.
Со машината налетал на несреќниот човек, го удрил, а тој починал на лице место.
На терен набрзо излегле екипи на полицијата и на Брзата помош и, за жал, можеле само да констатираат смрт.









