ПРВ.мк
Црна Хроника

ПАЦИЕНТКА ИМ ПАДНАЛА ОД НОСИЛКИ, ПОЧИНАЛА ВО БОЛНИЦА: Суспендирани вработените во Брзата помош!

ПАЦИЕНТКА ИМ ПАДНАЛА ОД НОСИЛКИ, ПОЧИНАЛА ВО БОЛНИЦА: Суспендирани вработените во Брзата помош!

Покраинскиот секретар за здравство Милан Попов денеска изјави дека вработените во Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом Бачка Паланка, кои учествувале во згрижувањето на пациентката која паднала од носилки, се суспендирани до завршување на постапката, како и дека во тек се внатрешен и инспекциски надзор за утврдување на сите околности на случајот.

Попов рече сека за настанот дознал на 7 јули од медиумите, иако инцидентот се случил на 1 јули во вечерните часови, по што наложил спроведување на сите процедури предвидени со закон.

Тој наведе дека е покренат внатрешен надзор во Здравствениот дом Бачка Паланка, дека здравствената инспекција спроведува надворешен надзор, а побарана е и комплетната медицинска документација од Универзитетскиот клинички центар на Војводина (УКЦВ).

Според неговите зборови, екипата на Брзата помош примила повик од прв ред на итност во 19:10 часот, а по пристигнувањето на терен затекнала пациентка без свест, пулс и крвен притисок.

„Жената склизнала од носилките и паднала поради несовесно постапување на вработените“

Тој наведе дека при изнесувањето од објектот дошло до нејзино склизнување од носилките и пад на тротоарот, што, како што рече, е последица на несовесно постапување на вработените кои биле на интервенција.

Потоа била спроведена кардиопулмонална реанимација, била воспоставена срцева работа и спонтано дишење, а пациентката била транспортирана во УКЦВ.

Попов наведе дека во Ургентниот центар состојбата на пациентката повторно се влошила, дека реанимацијата траела до 21:03 часот, но без успех.

Прелиминарен наод од обдукцијата

Тој додаде дека прелиминарниот обдукциски наод укажува дека причина за смртта е дисекција на градната аорта, крвавење од аортата и тампонада на срцето.

Тој истакна дека по завршувањето на надзорот ќе биде донесена одлука за евентуални санкции за одговорните, како и дека целата постапка ќе биде транспарентна и достапна за јавноста.

Попов потенцираше дека здравствените установи се обврзани за ваквите инциденти да ги известат Министерството за здравство и Покраинскиот секретаријат за здравство, а во овој случај се утврдува дали имало пропусти и во таа процедура.

Тој наведе и дека се согласува со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, дека мора да се врати доверието на граѓаните во здравствениот систем на АП Војводина.

Најнови вести