ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА НЕСРЕЌА: 15-годишник со тротинет заврши со сериозни повреди по судир со автомобил!

ТЕШКА НЕСРЕЌА: 15-годишник со тротинет заврши со сериозни повреди по судир со автомобил!

Тешка сообраќајна несреќа го потресе Гостивар, откако 15-годишно момче се здобило со сериозни повреди при судир со патничко возило додека управувало електричен тротинет.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила вчера вечерта околу 19:10 часот на крстосницата помеѓу улиците „Живко Брајкоски“ и „Ристо Оџаклиески“ во Гостивар.

Во сообраќајката учествувале патничко возило „Пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Т. (58) од Гостивар, и електричен тротинет кој го управувал 15-годишниот малолетник.

По силниот удар, момчето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар во Гостивар, каде што му била укажана медицинска помош.

Од надлежните институции информираат дека веднаш бил извршен увид на местото на несреќата од страна на увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Причините за судирот и околностите под кои се случила несреќата дополнително ќе бидат утврдени во текот на истрагата. Надлежните повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот, особено корисниците на електрични тротинети, да бидат внимателни и да ги почитуваат сообраќајните правила со цел да се избегнат вакви опасни ситуации.