ПРВ.мк
Скопје

НОВА ПРОМЕНА ВО БУТЕЛ: Завршена реконструкцијата на улицата „Бетовенова“, асфалтирани и краците кои со години чекаа решение

НОВА ПРОМЕНА ВО БУТЕЛ: Завршена реконструкцијата на улицата „Бетовенова“, асфалтирани и краците кои со години чекаа решение

Жителите на улицата „Бетовенова“ во општина Бутел добија ново уреден сообраќаен простор, откако за првпат беа асфалтирани и краците на улицата, со што целосно заврши реконструкцијата на овој дел од патната инфраструктура.

Од Општина Бутел информираат дека по долгогодишните очекувања на граѓаните, конечно е реализирано целосно обновување на улицата „Бетовенова“ заедно со нејзините странични краци.

Претходно беше извршена реконструкција на главниот дел од улицата, кој опфаќа површина од околу 4.000 квадратни метри и должина од 400 метри. Со дополнителното асфалтирање на краците, проектот е заокружен и улицата е целосно завршена.

Од локалната самоуправа посочуваат дека подобрувањето на патната инфраструктура останува еден од приоритетите, со цел граѓаните да добијат побезбедни и поквалитетни услови за секојдневно движење.

„Граѓаните се оние кои ни ја дадоа довербата која планирам во целост да ја оправдам и да работам во нивен интерес“, истакна градоначалникот на Општина Бутел.

Реконструкцијата на улицата „Бетовенова“ е претставена како уште еден чекор во процесот на подобрување на локалната инфраструктура и исполнување на ветените проекти кон жителите.

Од Општината најавуваат дека во овој дел наскоро треба да започне и изградба на нов спортско-рекреативен центар, што дополнително треба да придонесе за подобрување на условите за жителите.

Градежните активности во општина Бутел продолжуваат со зголемена динамика, а надлежните најавуваат реализација на нови инфраструктурни проекти во следниот период.