ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 68-годишен жител на селото Долгаш, општина Центар Жупа, поради сомнение дека сторил кривично дело „мачење животни“.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 29 мај годинава, околу 18:30 часот, во селото Долгаш. Пријавениот, според наводите, со ловечка пушка пукал кон група кучиња скитници кои се наоѓале во селото.
При пукањето било погодено едно од животните, кое било усмртено.
По пријавениот настан, полициските службеници презеле мерки за расчистување на случајот и ги утврдиле околностите под кои се случил инцидентот.
Како резултат на преземените активности, ОВР Дебар поднело кривична пријава против 68-годишниот жител на Долгаш за сомнение дека сторил кривично дело „мачење животни“.





