ПРВ.мк
Црна Хроника

Пронајдено телото на 16-годишната Теодора која исчезна во Вардар

Пронајдено телото на 16-годишната Теодора која исчезна во Вардар
Escape

По шест дена интензивна потрага, денеска заврши трагичното пребарување по 16-годишната Теодора Б., која исчезна во реката Вардар на 24 јули. Нејзиното тело било пронајдено околу 12:10 часот во близина на Старо Градско, потврди Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштуваат дека по извршениот увид на местото на настанот, по наредба на јавен обвинител, телото на девојчето било предадено на обдукција, со цел да се потврдат причините за смртта.

Несреќата се случи во четвртокот, кога Теодора заедно со 29-годишна жена влегле во реката Вардар во близина на селото Уланци, општина Градско. Силната речна струја ги однела двете лица – жената била спасена, но девојчето исчезна во водите.

Во деновите што следеа, екипи на МВР, спасувачи, нуркачи и волонтери интензивно го пребаруваа коритото на реката, надевајќи се на поволен исход. Но, денеска потрагата заврши со најтешката можна вест за семејството, пријателите и сите што се надеваа на чудо.

Mia Home Mavrovo