ПРВ.мк
Црна Хроника

Маж пронајден мртов во својот стан, следува обдукција

Маж пронајден мртов во својот стан, следува обдукција
Escape

Во стан во Велес вчера бил пронајден мртов 66-годишниот Т.Б., без траги на насилство, соопшти денеска СВР Велес. Телото било откриено во неговиот дом, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош кој на терен пристигнал нешто по 19 часот.

Случајот веднаш бил пријавен во полицијата, по што увид извршила екипа од СВР Велес. Иако нема индикации за насилна смрт, по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е испратено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Засега не се соопштени повеќе детали, а надлежните институции продолжуваат со постапка за целосно расчистување на случајот.

Mia Home Mavrovo