Силно невреме со пороен дожд го парализираше Солун, каде што за помалку од еден час наврна количина дожд што одговара на цел месечен просек за јули – дури 37 литри на квадратен метар. Центарот на градот беше најпогоден: улиците се претворија во реки, шахтите попуштија под притисокот на водата, а мотоциклист се повреди поради лизгавиот коловоз на авенијата Цимиски.
Службите за итна помош интервенираа веднаш, а властите прогласија состојба на готовност. Според локалните медиуми, хаосот во сообраќајот бил неизбежен, а делови од градот беа целосно блокирани.
Невремето се прошири и на Халкидики, каде што беа поплавени улици во Неа Флогита, а силните бранови го зафатија Ханиоти. На социјалните мрежи кружат фотографии и видеа од поплавени туристички места, а граѓаните се повикуваат на претпазливост и избегнување непотребни патувања додека трае нестабилното време.
Цивилната заштита останува во приправност бидејќи нестабилните услови се очекува да продолжат и наредните денови, особено во регионите Тесалија, Епир, Спорадите и Тракија.
Ask ChatGPT