Петгодишната Изабела Лавинг трагично го загубила животот откако нејзиниот татко ја затворил во метален кафез и ја заклучил со катанец, додека мајката, иако била сведок, не презела ништо.
Телото на девојчето било пронајдено на 3 април во семеен дом во Колд Спрингс. Таа лежела без свест до душек на подот, а обдукцијата открила бројни повреди – на лицето, колковите, карлицата, рацете и дури и на гениталиите.
Таткото Николас Лавинг признал дека ја затворил ќерка си во кафезот како "казна", додека другите две деца спиеле во нормален кревет. Дури пет часа по сознанието дека девојчето повраќа, се јавил на 911.
Мајката, Андреа Лавинг, во изјавата пред истражителите признала дека не реагирала, бидејќи сопругот ѝ забранил да повика лекар. „Треба да одам во затвор затоа што не ѝ помогнав, а Ник затоа што ја уби“, изјавила таа.
Причината за смртта сè уште не е официјално утврдена, но обвинителството вети целосна правда за Изабела на претстојното судење.
Ask ChatGPT