ПРВ.мк
Македонија

Општина Кавадарци ја обновува сообраќајната сигнализација: Нови знаци во Бел Камен и санирање на оштетените низ градот

Општина Кавадарци ја обновува сообраќајната сигнализација: Нови знаци во Бел Камен и санирање на оштетените низ градот

Општина Кавадарци спроведе активности за поставување нова сообраќајна сигнализација во населбата Бел Камен, а паралелно се изврши поправка и замена на оштетените знаци на повеќе локации низ градот.

Проектот има за цел да ја зголеми прегледноста на улиците и да ја подигне безбедноста на повисоко ниво за сите учесници во сообраќајот – како за возачите, така и за пешаците.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека уредувањето и редовното одржување на сообраќајната инфраструктура остануваат приоритет, со цел да се обезбедат побезбедни и подобро уредени улици за сите граѓани на Кавадарци.