Полициски службеници од СВР Струмица во последниот период успешно расчистија повеќе кривични дела од областа на имотните деликти.
Во Валандово и Струмица беа лишени од слобода М.К.(26) и Ф.К.(18), двајцата од Струмица. Тие се сомничат дека заедно со уште две лица, во периодот од 7 јули до 6 август 2025 година, на подрачјата на Струмица, Валандово и Гевгелија извршиле 26 кривични дела, меѓу кои едно „разбојништво“, една „тешка кражба“, шест кривични дела „одземање моторно возило“ и 18 „кражби“.
На подрачјето на Радовиш, од слобода бил лишен А.А.(26) од Радовиш, кој се сомничи дека во февруари и јули 2025 година во Радовиш и селото Раклиш извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“.
Исто така, во Струмица бил приведен Г.А.(19) од Кавадарци, кој се сомничи дека во претходниот период извршил пет кривични дела „тешка кражба“ во обид и едно кривично дело „кражба“.
Лицата биле задржани во полициска станица, јавниот обвинител бил известен, и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.