ПРВ.мк
Црна Хроника

Запленети 78 кг тутун за наргиле, поднесена кривична пријава до ОЈО

Запленети 78 кг тутун за наргиле, поднесена кривична пријава до ОЈО

Царинската управа заплени 78 килограми тутун за наргиле со пазарна вредност од 810.698 денари. Против едно лице е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за сторено кривично дело криумчарење и спречување службено лице во вршење службено дејствие, казниви по Кривичниот законик.

Случајот бил откриен на граничниот премин Блаце, при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин. Лицето, со намера незаконски да избегне царинска контрола, одбило да го запре возилото пред службеникот и се упатило кон рампата со зголемена брзина, попречувајќи го службеното дејствие.

При запирањето и деталната контрола, биле пронајдени 13 кутии со 312 лименки, односно вкупно 78 килограми тутун за наргиле. Со ова е спречен обид за пуштање на акцизна стока во промет без платени давачки во висина од 508.048 денари.

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое по преземените предистражни дејствија поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство.

Escape