ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРИЈАВИЛА ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ: Родители приведени подари малтретирање на сопствената ќерка!

ПРИЈАВИЛА ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ: Родители приведени подари малтретирање на сопствената ќерка!

Брачен пар од липковското село Отља бил приведен од полицијата по пријава дека подолг период психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 20 август 2026 година, по што полициски службеници од СВР Куманово презеле мерки и ги лишиле од слобода родителите.

Станува збор за Н.Ј. (43) и Х.И. (53), двајцата од село Отља, општина Липково.

Од полицијата информираат дека против брачниот пар било постапено по пријава за психичко и физичко малтретирање на нивната 18-годишна ќерка.

По лишувањето од слобода, двајцата биле однесени и задржани во полициска станица, каде што продолжило постапувањето за расчистување и документирање на целиот случај.

Надлежните институции треба да ги утврдат сите околности поврзани со пријавениот случај, како и сите релевантни факти врз основа на кои ќе биде утврдено понатамошното постапување.

Од СВР Куманово посочуваат дека по целосното документирање на случајот против приведените ќе следуваат соодветни пријави.