ПРВ.мк
Црна Хроника

Пријавил дека го киднапирале и му се заканувале со пиштол – полицијата ја открила вистината

Пријавил дека го киднапирале и му се заканувале со пиштол – полицијата ја открила вистината

Триесет и двегодишен стружанец ќе одговара кривично откако полицијата утврдила дека лажно пријавил дека бил киднапиран од повеќе лица кои наводно му се заканувале со огнено оружје.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, ОВР Струга поднело кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“.

Случајот започнал на 17 август, кога 32-годишникот во полиција пријавил дека во Струга бил грабнат од повеќе лица.

Во пријавата навел дека лицата му се заканувале и со огнено оружје.

Полицијата започнала со преземање мерки за расчистување на случајот, но во текот на проверките било утврдено дека пријавеното киднапирање всушност не се случило.

К.Р. потоа бил повикан на службен разговор.

Според МВР, при разговорот 32-годишникот признал дека целата приказна за грабнувањето и заканите со оружје била измислена.

Против него е поднесена кривична пријава за „лажно пријавување кривично дело“.