ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРИЈАВЕН ОБИД ЗА ПОЛОВО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ: Жена тврди дека била нападната во дворот на својот дом!

ПРИЈАВЕН ОБИД ЗА ПОЛОВО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ: Жена тврди дека била нападната во дворот на својот дом!

Педесет и деветгодишна жена од прилепско село пријавила во полиција дека била жртва на обид за полово вознемирување во дворот на својата семејна куќа.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 22 јули околу 17:00 часот во ОВР Прилеп.

Во пријавата, жената навела дека В.Б., исто така жител на истото село, се обидел непримерно да ја допира по телото додека се наоѓала во дворот од нејзиниот дом.

По добиената пријава, полициските службеници започнале постапка за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Од МВР информираат дека се преземаат сите законски мерки, а по завршувањето на постапката ќе биде донесена соодветна одлука согласно утврдените факти.