ПРВ.мк
Црна Хроника

БРУТАЛЕН НАПАД ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР: Жена тешко ранета со нож, полицијата го бара напаѓачот со хеликоптер!

БРУТАЛЕН НАПАД ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР: Жена тешко ранета со нож, полицијата го бара напаѓачот со хеликоптер!

Драма се одвивала денеска во трговски центар во германскиот град Штутгарт, каде 46-годишна жена била нападната со нож и се здобила со тешки повреди, додека напаѓачот успеал да избега од местото на настанот.

По нападот, германската полиција веднаш го обезбедила целиот трговски центар и започнала обемна потрага по осомничениот.

Во акцијата се вклучени бројни полициски екипи, а од воздух во потрагата учествува и полициски хеликоптер, кој го пребарува поширокото подрачје во обид што побрзо да го лоцира напаѓачот.

Според досега објавените информации, 46-годишната жена е тешко повредена и ѝ е укажана итна медицинска помош.

Надлежните засега не соопштуваат што го предизвикало нападот, а мотивот за инцидентот сè уште не е познат.

Истрагата е во тек, а германската полиција работи на утврдување на сите околности поврзани со нападот и идентификација на лицето кое е во бегство.