ПРВ.мк
Свет

СВЕТОТ ГЛЕДА ВО ЕДЕН АВИОН: Еве зошто над 10.000 луѓе во живо го следат овој лет!

СВЕТОТ ГЛЕДА ВО ЕДЕН АВИОН: Еве зошто над 10.000 луѓе во живо го следат овој лет!

Еден авион деновиве го привлече вниманието на љубителите на авијацијата ширум светот, а илјадници луѓе во реално време го следат неговото патување. Станува збор за Airbus A350-1000ULR, специјално изработен за австралиската авиокомпанија Qantas, кој е дел од амбициозниот проект Sunrise.

Проектот Sunrise беше најавен уште во 2017 година, со цел да овозможи директни летови без застанување меѓу Сиднеј и Лондон, како и меѓу Сиднеј и Њујорк, што би претставувало вистинска револуција во патничката авијација.

Оваа недела Qantas официјално го претстави првиот авион наменет за овие ултрадолги летови во производствениот центар на Airbus во Тулуз, Франција. Воедно беше соопштено дека првата директна линија меѓу Сиднеј и Лондон е планирана да започне со работа во октомври 2027 година.

Во четвртокот авионот го започна своето прво долго патување од Тулуз кон Мелбурн, Австралија, кое претставува важен чекор во тестирањето на неговите можности.

Летот започнал во 7:33 часот по локално време од Франција, а според планираното, патувањето ќе трае околу 19 часа, при што слетувањето во Мелбурн се очекува во петок околу 10:30 часот по локално време.

Овој модел на Airbus се очекува да постави нови стандарди во патничкиот воздушен сообраќај, бидејќи ќе има најголем дострел од сите патнички авиони досега, овозможувајќи непрекинати летови на релации кои досега беа невозможни без меѓуслетување.

Интересот за овој лет беше огромен уште веднаш по полетувањето. На платформата Flightradar24, која ги следи движењата на авионите низ светот, летот за кратко време стана најследениот во светот. Во еден момент, повеќе од 10.000 корисници истовремено го следеле неговото движење, што дополнително ја потврдува големата љубопитност околу проектот кој може засекогаш да го промени начинот на кој луѓето патуваат на долги релации.