ПРВ.мк
Македонија

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ВЕЛЕС: 42-годишник уапсен откако со стаклен предмет ја нападнал својата мајка!

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ВЕЛЕС: 42-годишник уапсен откако со стаклен предмет ја нападнал својата мајка!

42-годишен жител на Велес е приведен откако, според пријавата, физички ја нападнал својата 68-годишна мајка во семејниот дом, при што ја удрил со стаклен предмет.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници од СВР Велес интервенирале синоќа околу 22:30 часот, по претходно добиена пријава за семејно насилство.

Според пријавеното, Д.Ш. (42) агресивно се однесувал во домот и во текот на инцидентот ја нападнал својата мајка, нанесувајќи ѝ удар со стаклен предмет.

По пријавата, полициските службеници веднаш излегле на терен, по што осомничениот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

За случајот бил известен надлежен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на сите околности поврзани со случајот.