ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Се урна хеликоптер со петмина војници, има загинат!

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Се урна хеликоптер со петмина војници, има загинат!

Воен хеликоптер на чешката армија се урна денеска во воздухопловна база во источниот дел на Чешка, при што животот го загуби еден војник, додека надлежните служби веднаш започнаа спасувачка и истражна операција.

Несреќата се случила непосредно пред 13 часот по локално време во 22. хеликоптерска воздухопловна база во местото Намешт над Ославоу, во регионот Височина.

Станува збор за воен хеликоптер од типот „UH-1Y Venom“, а во моментот на падот во леталото се наоѓале петмина припадници на армијата.

Од чешката армија соопштија дека веднаш по несреќата на местото биле испратени екипи од интегрираниот спасувачки систем, кои интервенирале за укажување помош и обезбедување на теренот.

„На местото интервенираат екипи од интегрираниот спасувачки систем. Дополнителни информации ќе објавиме веднаш штом тоа ќе го дозволат околностите“, соопштија од армијата.

Според портпаролот на службата за итна медицинска помош, Петр Јаначек, на местото биле испратени четири копнени медицински екипи, како и спасувачки хеликоптер од Јихлава. Подоцна бил ангажиран и втор медицински хеликоптер од соседниот регион Оломоуц.

Јаначек потврди дека едно лице загинало во несреќата, додека за состојбата на останатите четворица војници засега не се објавени официјални информации.

Надлежните институции започнаа истрага за да ги утврдат причините и околностите што довеле до уривањето на воениот хеликоптер.