ПРВ.мк
Црна Хроника

Познатиот актер пронајден мртов во фотелја: Полицијата ги истражува околностите на смртта

Познатиот актер пронајден мртов во фотелја: Полицијата ги истражува околностите на смртта

Познатиот турски актер Серхат Мустафа Килич, на 51-годишна возраст, е пронајден мртов во својот дом во истанбулската населба Кагитхане, јавуваат турските медиуми.

Според првичните информации, околу два дена немало никаков контакт со актерот. Неговата девојка дошла во домот и го пронашла неподвижен во фотелја во дневната соба, по што веднаш биле повикани полицијата и медицинските екипи. Лекарите можеле само да ја констатираат неговата смрт.

При првичниот преглед, според медиумските извештаи, биле забележани модринки околу очите, како и на рацете и нозете. Сепак, не биле пронајдени отворени рани или други очигледни траги кои во оваа фаза би потврдиле дека станува збор за физички напад.

Телото е испратено на Институтот за судска медицина, каде што со обдукција треба да се утврди точната причина за смртта. Истрагата за околностите продолжува.

Во турските медиуми се објавуваат различни информации и за неговата здравствена состојба. Дел наведуваат дека боледувал од лимфом, додека други споменуваат проблеми со тироидната жлезда. Засега нема официјална потврда дека некоја од овие состојби е поврзана со неговата смрт.

Серхат Мустафа Килич беше препознатливо име на турската телевизиска, филмска и театарска сцена, а публиката особено го памети по улогата на Ергун Плак во популарната серија „Seksenler“.