ПРВ.мк
Црна Хроника

Убиен познат бизнисмен- застрелан во глава во својот дом

Убиен познат бизнисмен- застрелан во глава во својот дом

Познатиот бугарски бизнисмен Илијан Филипов (53) е застрелан во својот дом во Пловдив, а полицијата трага по сторителот.

Според првичните информации, злосторството било пријавено околу еден часот по полноќ. Филипов бил погоден со еден куршум во главата и бил прогласен за мртов на местото.

На терен излегле бројни полициски екипи, а во истрагата се вклучени службеници од полицијата во Пловдив и Генералната дирекција на националната полиција. Според медиумските извештаи, во текот на ноќта биле засилени и контролите на излезите од градот.

Напаѓачот засега не е уапсен, а мотивот за убиството не е познат. Надлежните продолжуваат со истрагата за утврдување на сите околности.

Филипов бил познат во бугарската деловна јавност како сосопственик на „ПИМК“, голема транспортно-логистичка групација со активности во патниот и железничкиот транспорт, шпедицијата, градежништвото и други дејности.

Тој бил активен и во јавниот и спортскиот живот во Пловдив, меѓу другото и преку фудбалскиот клуб „Ботев Пловдив“.