ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЖАР ИМ ГО УНИШТИ ДОМОТ: Осумчлено семејство остана без покрив и тон тутун - еве како се случило!

ПОЖАР ИМ ГО УНИШТИ ДОМОТ: Осумчлено семејство остана без покрив и тон тутун - еве како се случило!
Kristal

Во селото Воѓани, општина Кривогаштани, осумчленото семејство Благадушески ја дочека Новата година без својот дом, поради пожар кој на 16 декември избувна од неисправна електрична инсталација. Огнот за кратко време го проголта домот и речиси еден тон тутун, оставјќи ги семејството и сите нивни лични предмети без никакво средство за живот.

– „Седевме во помошната просторија кога соседот викна дека гори куќата. Повикавме пожарна, но сѐ многу брзо се разгоре. Претходно симнавме дел од тутунот, но околу еден тон изгоре заедно со целата покуќнина“, раскажува Јулијана Благадушеска.

Семејството, кое вклучува свекор, сопругот и сопругата, девер, двата сина, четиригодишниот внук и снаа која во февруари треба да се породи, моментално е сместено кај роднини и пријатели. Благодарение на хуманоста на сограѓаните и соседите, тие се надеваат дека ќе се изборат со трагедијата.

– „Најважно ни беше сите да бидеме на број. Луѓето помагаат, не само од нашето село, туку и од соседните места. Има хуманост и човечност“, додава Дејан Благадушески, девер на Јулијана.

Општина Кривогаштани отвори жиро сметка за сите кои сакаат да им помогнат, а прва помош стигна од Сојузот на земјоделските здруженија, кој издвоил парична поддршка од околу 120.000 до 180.000 денари. Проценетата штета од изгорениот тутун изнесува околу 10.000 евра.

– „Како Сојуз издвојуваме парична и морална поддршка и ги повикуваме сите тутунари и откупувачи да помогнат семејството да застане на нозе. Голема е штетата и на куќата, и на тутунот“, истакна Кире Ристески, претседател на Сојузот.

И покрај тешката ситуација, Благадушески со радост ја очекуваат пристигнувањето на деветтиот член на семејството во февруари. Секое помагање и поддршка ќе им биде од огромно значење.

FixCredit
Escape