Последната желба на познатата хрватска писателка и колумнистка Ведрана Рудан ќе биде испочитувана од нејзиното семејство. Нејзиниот последен испраќај ќе се одржи во најтесен круг, без јавноста да биде информирана за точниот датум и местото на погребот.
Рудан почина на 77-годишна возраст по долго боледување, а нејзините најблиски одлучиле да ја почитуваат нејзината желба погребот да биде приватен и далеку од медиумското внимание.
Поради тоа, нема да биде објавено кога и каде ќе се одржи погребот.
Веста за нејзината смрт беше објавена преку нејзината официјална страница на „Фејсбук“, каде што вчера се појави кратка, но симболична порака:
„Ведрана отиде на подрачје без сигнал“.
Токму оваа реченица потсетува на зборовите што Рудан ги кажа во март, за време на нејзиното гостување во емисијата „Неделом у 2“, кога отворено зборуваше за својата борба со болеста и за тоа како ја гледа сопствената смрт.
Тогаш таа зборуваше за луѓето кои ги сака и кои ја сакаат, а своето заминување го опиша како одење на „подрачје без сигнал“.
Во текот на тешкиот период низ кој минувала, најголема поддршка ѝ биле нејзиниот сопруг, адвокатот Љубиша Драгелјевиќ, како и нејзините деца – ќерката Асја и синот Славен.
Нејзиното заминување предизвика голем број реакции низ целиот регион. Од Рудан се простуваат читатели, писатели, новинари, колеги, пријатели и бројни јавни личности кои низ годините ја следеа нејзината работа и препознатливиот начин на кој ги коментираше општествените случувања.
Нејзиното семејство, сепак, одлучило последниот испраќај да остане онака како што таа посакала – без јавност, без медиумско внимание и во присуство само на најблиските.





