ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА: 16 лица приведени поради наркотици, меѓу кои и Велешанец!

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА: 16 лица приведени поради наркотици, меѓу кои и Велешанец!

Полициски службеници во текот на 3 и 4 октомври 2026 година спровеле повеќе акции и контроли на различни локации во државата, при што биле лишени од слобода вкупно 16 лица. Кај дел од нив биле пронајдени и одземени различни видови наркотични материи, а во еден случај бил пронајден и нож.

Најголем број интервенции биле регистрирани во Скопје, Тетово, Гостивар, Штип и Кавадарци, а едно лице било лишено од слобода и на граничниот премин Табановце.

Во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.П. (21), С.Б. (37), М.Х.З. (39), С.М. (19) и 17-годишна девојка, сите од Скопје. Заедно со нив биле лишени од слобода и М.И. (38) од Велес, Х.Д. (25) од Гостивар и Е.С.Е. (22) од Турција.

При извршените прегледи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја, поради што лицата биле задржани за понатамошна постапка.

Во Тетово, на улицата „Киро Ристоски-Дрнц“, полицијата го лишила од слобода Л.А. (36) од Тетово. При прегледот кај него биле пронајдени две пакувања со кокаин и кујнски нож.

Подоцна истата вечер, околу 22 часот, во спортска обложувалница на улицата „120“ во Тетово, бил лишен од слобода К.А. (34) од Тетово. Кај него бил пронајден предмет со остатоци од кокаин.

Во врска со овој случај, полицијата го лишила од слобода и С.Р. (62) од село Челопек, одговорно лице во објектот. Тој е осомничен за кривично дело по член 216 од Кривичниот законик – „овозможување употреба на опојни дроги“.

Во Гостивар, на улицата „Иво Лола Рибар“, полициски службеници го лишиле од слобода С.А. (29) од Гостивар. При прегледот кај него било пронајдено и одземено пакување со кокаин.

Во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје и дрога при СВР Штип ги лишиле од слобода А.Ѓ. (22) и В.И. (24), двајцата од Штип. Кај нив биле пронајдени и одземени грутчеста материја и марихуана.

Случај е регистриран и на граничниот премин Табановце, каде што на влез во државата бил лишен од слобода Ј.М. (37) од Чешка. При проверка на неговото патничко возило со чешки регистарски ознаки, во личниот багаж била пронајдена и одземена марихуана.

Во Кавадарци, пак, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“, во координација со Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, го лишиле од слобода А.Г. (31) од Кавадарци. При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Од полицијата информираат дека сите случаи се расчистуваат и документираат. По целосното документирање на настаните, против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци до надлежните институции.

Најнови вести