ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИЈСКА АКЦИЈА: Пронајдена дрога во семеен дом! - Ова се деталите

ПОЛИЦИЈСКА АКЦИЈА: Пронајдена дрога во семеен дом! - Ова се деталите

Полицијата во Гостивар спроведе акција во која е лишено од слобода 24-годишно лице од село Равен, по откриена дрога во неговиот дом.

Инцидентот се случил на 22 мај 2026 година, кога полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по судска наредба од Основниот суд во Гостивар, извршиле претрес во домот и помошните простории на осомничениот.

При претресот била пронајдена и одземена марихуана, по што лицето Ш.Ј. (24) веднаш било приведено.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Случајот е дел од редовните полициски активности за сузбивање на недозволена трговија со дрога во регионот.