Жена од Скопје е повредена во инцидент што се случил синоќа во населбата Драчево, додека седела во дворот на својот семеен дом.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 14 септември околу 21:45 часот, од Поликлиниката Драчево било пријавено дека кај нив била донесена 57-годишната Ј.С. од Скопје со повреда во пределот на рамото.
Според пријавеното, околу 20:40 часот, додека престојувала во дворот, таа почувствувала силен удар. По лекарскиот преглед било утврдено дека повредата е предизвикана од зрно од огнено оружје.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, утврдување на околностите под кои дошло до инцидентот и пронаоѓање на лицето кое го испукало куршумот.






