ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПОПУШТА: Голема акциска контрола низ Македонија - еве колку лица се казнети!

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПОПУШТА: Голема акциска контрола низ Македонија - еве колку лица се казнети!
Kristal

Мобилната единица на МВР во Скопје спроведе ноќна акциска контрола на сообраќајот, насочена кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Контролата се реализираше во текот на ноќта помеѓу 27 и 28 март, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, на подрачјето на општините Илинден, Гази Баба и Кисела Вода.

Вкупно, алкотестирани беа 49 возачи, при што кај девет од нив беше утврдено присуство на алкохол. Еден возач, пак, одбил да се подложи на тестирање, што исто така претставува прекршок според законските одредби.

Покрај прекршоците поврзани со алкохол, полицијата регистрираше уште 12 други сообраќајни прекршоци, а беа поднесени пет барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица.

Едно лице беше лишено од слобода, а против него е покрената постапка за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, поради управување под активна забрана. Исто така, по овој случај, едно возило беше одземено.

За сите сторители на прекршоци и кривични дела се изготвени соодветни поднесоци и се преземаат мерки согласно законот. Од МВР нагласуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и превенција на сообраќајни незгоди.

Полицијата потенцира дека управувањето под дејство на алкохол останува една од главните причини за сообраќајни несреќи, често со тешки и фатални последици. Апелот до граѓаните е да ги почитуваат сообраќајните правила, да управуваат внимателно и одговорно, со цел заеднички да се создадат побезбедни услови за движење на сите учесници во сообраќајот.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo