Двајца велешани, на возраст од 20 и 68 години, биле лишени од слобода во Велес поради сомнение дека управувале мопеди без да ги исполнуваат законските услови.
Од МВР информираат дека на 4 септември, во 14:50 часот, полициски службеници од СВР Велес на улицата „Благој Ѓорев“ запреле мопед без регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот Д.П. од Велес.
При извршените проверки било констатирано дека младиот велешанец управувал со мопедот без да поседува возачка дозвола.
По насоки од јавен обвинител, Д.П. бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен.
МВР информира дека во рамки на сообраќајните контроли бил лишен од слобода и 68-годишен велешанец, кој исто така бил затекнат при управување со мопед спротивно на законските прописи.
По целосното документирање на случаите, против лицата ќе следува соодветна постапка.






