На 12 септември во 22:45 часот, на улицата „27 Април“ во Струга, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.Т. (44) и М.Б. (47), двајцата од Струга.
При извршен преглед на Д.Т., полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга пронашле и одзеле опаковка со кафеава прашкаста материја.
По судска наредба бил извршен и претрес во домот на М.Б., при што биле пронајдени и одземени алуминиумска фолија со кафеава прашкаста материја и метална дигитална вага.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.






