Три лица од Гостивар се лишени од слобода откако полицијата пронашла дрога во возилото во кое се превезувале, а дополнително било утврдено дека автомобилот бил нерегистриран, а возачот управувал без возачка дозвола.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, синоќа околу 22 часот на улицата „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле контрола на патничко моторно возило „Шевролет Спарк“ со гостиварски регистарски таблички.
При прегледот, кај Х.Л. (23) била пронајдена кутија со марихуана, по што тој, заедно со Б.З. (27) и А.З. (24), сите од Гостивар, биле приведени.
Дополнително, било утврдено дека возачот А.З. го управувал возилото без важечка возачка дозвола, а автомобилот бил со истечена регистрација.
Возилото е одземено, а приведените се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.

















