ПРВ.мк
Црна Хроника

ПАНИКА НА ПАТОТ ОХРИД–СТРУГА: Дефект на вентил предизвика истекување плин на бензинска - ова е бензиската!

ПАНИКА НА ПАТОТ ОХРИД–СТРУГА: Дефект на вентил предизвика истекување плин на бензинска - ова е бензиската!

Истекување на плин било пријавено на бензинска станица која се наоѓа на магистралниот пат Охрид–Струга, откако дошло до дефект на вентил од системот за плин.

Случајот бил пријавен во СВР Охрид на 18 септември 2026 година, во 08:46 часот. Според пријавеното, по дефектот на вентилот настанало истекување на плин на просторот на бензинската станица.

По налог на јавен обвинител, на местото бил извршен увид од полициски службеници и екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид.

При увидот било констатирано дека испарувањето на плинот се одвивало преку проточен вентил, кој се наоѓал во просторот со оградените инсталации за течен нафтен гас од вкопана цистерна.

По интервенцијата на овластен сервисер, било извршено безбедно поставување на нов сет опрема, со што било санирано оштетувањето.