ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРИВЕДЕН 60-ГОДИШНИК ВО СТРУШКО: Полицијата го фатила како подметнува пожари - еве каква казна му следува!

ПРИВЕДЕН 60-ГОДИШНИК ВО СТРУШКО: Полицијата го фатила како подметнува пожари - еве каква казна му следува!

Полицијата во Струга лишила од слобода 60-годишен жител на селото Враништа, кој се сомничи дека предизвикал пожар на отворен простор во атарот на селото.

Според пријавеното, Љ.М. бил приведен вчераутро поради сомнение дека во средата предизвикал пожар при кој биле зафатени сува трева и стрниште во близина на Враништа.

Пожарот бил локализиран и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга. Во инцидентот нема повредени лица.

По целосното документирање на случајот, против 60-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.