ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ: Повторно прегазен пешак - докторите се борат за неговиот живот!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ: Повторно прегазен пешак - докторите се борат за неговиот живот!

Шеесет и тригодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот „Мајка Тереза“, во близина на клучката „Мирковци“.

Несреќата била пријавена во СВР Скопје на 18 септември 2026 година, околу 14:00 часот. Според пријавеното, патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот М.А. од Скопје, удрило во пешакот С.Б. (63), исто така од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

На местото на сообраќајката бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.