ПРВ.мк
Црна Хроника

ВНИМАТЕЛНО, ПОЖАР НА ОВОЈ ПАТЕН ПРАВЕЦ-Се запали камион во движење!

ВНИМАТЕЛНО, ПОЖАР НА ОВОЈ ПАТЕН ПРАВЕЦ-Се запали камион во движење!

Пожар избувнал во товарно возило „МАН“ со тетовски регистарски ознаки, додека се движело по регионалниот пат Струга–Дебар, во близина на ХЕЦ „Шпилје“.

Случајот бил пријавен во ОВР Дебар на 18 септември 2026 година, во 11:44 часот. Според пријавеното, во текот на движењето на возилото дошло до избувнување на пожар.

Во инцидентот нема повредени лица.

На местото интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар, која презела активности за локализирање и гаснење на пожарот.