ПРВ.мк
Црна Хроника

ПАД НА АВИОН ОДНЕСЕ ШЕСТ ЖИВОТИ! Меѓу загинатите и дете, спасувачите затекнале језива глетка!

ПАД НА АВИОН ОДНЕСЕ ШЕСТ ЖИВОТИ! Меѓу загинатите и дете, спасувачите затекнале језива глетка!

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа при пад на помал авион во американската сојузна држава Висконсин. Никој од луѓето кои се наоѓале во леталото не преживеал, потврди Чип Мејстер, шерифот на округот Сок. Причината за несреќата засега не е позната.

Авионот се срушил синоќа по локално време околу 21:31 часот во местото Делона, на околу 65 километри северозападно од Медисон, главниот град на Висконсин.

Според информациите од канцеларијата на шерифот, загинале пет возрасни лица и едно дете. Нивните идентитети сè уште не се објавени. Полицијата примила повеќе дојави за пад на леталото во областа на улицата Парк Лејн, недалеку од државниот парк Мирор Лејк.

На местото на несреќата пристигнале полициски, противпожарни и итни служби, кои во остатоците ги пронашле загинатите. Според првичните информации, нема повредени меѓу луѓето на земјата, ниту пак е пријавена штета на околните објекти.

Во истрагата ќе се вклучат американската Сојузна управа за воздухопловство (FAA) и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB), кој ги истражува причините за големи несреќи.