ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ГО ЗАОБИКОЛИ СВЕТОТ: Се урна покрив на училиште, загинаа 17 деца и наставник!

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ГО ЗАОБИКОЛИ СВЕТОТ: Се урна покрив на училиште, загинаа 17 деца и наставник!

Најмалку 18 лица, меѓу кои 17 деца и еден наставник, го загубија животот откако во четвртокот се урна покривот на приватно училиште во Пешавар, град во северозападниот дел на Пакистан.

Во несреќата повеќе од 30 лица биле повредени, а неколку деца останале заробени под урнатините. Ова го соопшти Билал Фаизи, портпарол на службите за итни случаи.

Уривањето се случило во Пешавар, главниот град на пакистанската покраина Хајбер-Пахтунква. Бројот на загинатите го потврдил и Мохамед Асим, портпарол на болницата, кој информирал дека дел од повредените се наоѓаат во критична состојба.

Спасувачките екипи веднаш започнале со отстранување на остатоците од урнатиот објект, обидувајќи се да стигнат до луѓето за кои се верува дека сè уште се наоѓаат под урнатините.

Ова не е прв ваков случај во Пакистан. Во јули, во градот Лахор се урнал покривот на образовен центар кој бил во изградба, при што животот го загубиле четири ученици.

Уривањата на згради се честа појава во земјата, каде што градежните стандарди неретко не се почитуваат во доволна мера. Голем број објекти се градат со материјали со слаб квалитет, додека безбедносните прописи понекогаш се занемаруваат за да се намалат трошоците за изградба.