СВР Скопје поднесе кривична пријава против две лица осомничени за убиството на 26-годишниот скопјанец А.М., кој беше застрелан на 6 септември во скопски Дуќанџик.
По преземените мерки и активности, Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти поднела кривична пријава против Р.К. и И.С. до Основното јавно обвинителство Скопје. Тие се осомничени за кривично дело „убиство“.
Според информациите од МВР, пукањето се случило околу 23:30 часот во близина на раскрсницата меѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.
Две лица се движеле со мотоцикл, од каде што било пукано со огнено оружје кон група луѓе. Во нападот бил погоден 26-годишниот А.М. од Скопје.
Повредениот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна им подлегнал на повредите.
По полициската истрага, против Р.К. и И.С. е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека го извршиле убиството.







