На 24 март 2026 година, 45-годишен скопјанец пријавил во СВР Скопје дека бил измамен за 3.500 евра. Според пријавата, непознато лице му се претставило како полициски службеник и му понудило помош за враќање на претходно изгубени пари.
Оштетениот, како што објасни МВР, претходно инвестирал 40.000 евра во странска фирма која престанала да работи. Лажното лице го контактирало и му ветило дека ќе му ги врати парите, но откако ветувањето не било исполнето, скопјанецот се посомневал и случајот го пријавил во полиција.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителот.
Извор: Скопје1.мк



















