ПРВ.мк
Црна Хроника

ОФИЦИЈАЛНИ ДЕТАЛИ ОД ОЈО - еве како Жарко Гроздановски го убил Климе и која е причината!

ОФИЦИЈАЛНИ ДЕТАЛИ ОД ОЈО - еве како Жарко Гроздановски го убил Климе и која е причината!
Kristal

Основното јавно обвинителство во Охрид нареди спроведување истражна постапка против 53-годишник од тетовската Брвеница, кој се сомничи за убиство предвидено во член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.

Според обвинението, на 25 март осомничениот со користољубие го лишил од живот Климе Митрески во неговиот дом во Охрид. Мотивот бил раскинување на договор за доживотна издршка склучен кај нотар во февруари 2025 година, со кој осомничениот требало да добие значителен имот по смртта на жртвата. Откако жртвата презела чекори за раскинување на договорот, дошло до вербална расправија, по која осомничениот го нападнал од зад грб, го совладал и со повеќе удари со бокс во главата, додека му ја покривал устата и носот, предизвикал смрт. Потоа го напуштил местото на настанот.

Дејствијата на осомничениот се забележани на видео надзор во домот на жртвата, а во текот на постапката обезбедени се и други снимки и материјални докази кои ја потврдуваат неговата одговорност.

Се работи за особено тешко кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку 10 години затвор или доживотен затвор, што ја зголемува опасноста од бегство. Обвинителот предложи мерка притвор, со цел осомничениот да не ја попречува истрагата преку влијание врз сведоци или уништување на траги од делото.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo