ПРВ.мк
Црна Хроника

ОД СЕМЕЕН ОДМОР ДО НЕЗАМИСЛИВА ТРАГЕДИЈА: Цело семејство го загуби животот во страшен судир на Халкидики!

ОД СЕМЕЕН ОДМОР ДО НЕЗАМИСЛИВА ТРАГЕДИЈА: Цело семејство го загуби животот во страшен судир на Халкидики!

Страшната сообраќајна несреќа што вчера се случи на Халкидики доби уште потрагичен епилог, откако на повредите им подлегна и таткото од семејството од Молдавија. Така, бројот на жртви се искачи на три – животот го загубија мајката, таткото и нивното шестмесечно бебе, додека нивното седумгодишно дете се бори за закрепнување.

Несреќата се случила на регионалниот пат Неа Муданија – Никити, во близина на Полигирос, каде што дошло до директен судир меѓу цистерна и патнички автомобил во кој се превезувало четиричленото семејство.

На местото на несреќата интервенирале осум пожарникари со три противпожарни возила. Со специјална спасувачка опрема успеале да ги извлечат жената и шестмесечното бебе, но за жал тие веќе не давале знаци на живот. Таткото и другото дете биле извлечени со тешки повреди и веднаш пренесени во болница.

И покрај напорите на лекарите, 35-годишниот татко, кој бил во критична состојба, подоцна им подлегнал на повредите. Нивното седумгодишно дете останува хоспитализирано и, според последните информации, е во тешка, но стабилна здравствена состојба.

Според неофицијалните информации, автомобилот го управувал таткото, додека неговата 28-годишна сопруга седела на совозачкото место. Причините што довеле до трагичниот судир засега не се познати, а грчките надлежни служби спроведуваат истрага за целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.