ПРВ.мк
Црна Хроника

36-ГОДИШНА МАЈКА ПИЕЛА СЕ ДОДЕКА НЕ И ПУКНАЛ ВОДЕЊАКОТ: Лекарите во болницата занемеле кога виделе колку алкохол имало бебето во крвта!

36-ГОДИШНА МАЈКА ПИЕЛА СЕ ДОДЕКА НЕ И ПУКНАЛ ВОДЕЊАКОТ: Лекарите во болницата занемеле кога виделе колку алкохол имало бебето во крвта!

Страшен инцидент што се случи во градот Озорков ја потресе цела Полска, откако се дозна дека синот на 36-годишната жена имал повеќе од еден промил алкохол во организмот при раѓањето. Новороденчето итно било пренесено во болница, пренесе полскиот портал Твн24 (TVN24).

Партнерот повикал Брза помош, бебето итно пренесено на неонатологија

Бебето се родило дома на 1 јули, а партнерот на 36-годишната родилка во паника повикал Брза помош. Новороденчето потоа било пренесено на одделот за неонатологија во болницата во Згјеж. Директорот на оваа установа изнесе страшни детали за незапаметениот случај.

Машкото бебе поминало пет дена во болницата, а потоа било пренесено во Меморијалната болница на мајките Полјакини во Лоѓ. Неговата општа состојба, за среќа, била добра.

– „Можам да потврдам дека во моментот на приемот детето имало повеќе од еден промил алкохол во организмот, а кога пристигна, нивото веќе беше во фаза на опаѓање. Тоа значи дека концентрацијата на алкохол полека се намалуваше“, изјави директорот на болницата.

За работата да биде уште полоша, кога мајката на детето била примена во болницата, кај неа биле измерени дури 1,6 промили алкохол во крвта.

На мајката ѝ го одзеле детето: Три дечиња веќе ѝ се во згрижувачки семејства

Целиот случај веднаш бил пријавен во Општинскиот центар за социјална работа во Озорков. Твн24 пренесува дека на жената на 10 јули официјално ѝ биле одземени родителските права.

Еден застрашувачки податок од нејзиното минато зборува дека ова не е првпат таа да го занемарува своето потомство – претходно нејзините три постари деца веќе биле сместени во згрижувачки семејства. Оваа 36-годишна жена сега е испратена на задолжително лекување од алкохолизам.

Најнови вести