ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Пет малолетници брутално истепале 14-годишно момче на улица!

НОВО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Пет малолетници брутално истепале 14-годишно момче на улица!

Четиринаесетгодишно момче било физички нападнато од група од пет малолетници на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово.

Инцидентот се случил на 17 ноември, околу 16:30 часот, а случајот во полиција го пријавила мајката на момчето, 48-годишна жена, истиот ден околу 20 часот.

Според пријавата, нападот го извршиле пет малолетници, од кои тројца момчето ги познавало.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со нападот.