ПРВ.мк
Македонија

БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА ВО ВЕЛЕС: Возачот исчезнал, сопатник фрлил марихуана низ прозорец!

БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА ВО ВЕЛЕС: Возачот исчезнал, сопатник фрлил марихуана низ прозорец!

Полицијата трага по возач на автомобил „Сеат“ со велешки регистарски ознаки, кој избегал од полициска контрола во населбата Превалец во Велес. При обидот на полицајците да го запрат возилото, еден од сопатниците фрлил марихуана низ прозорецот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 17 ноември, околу 12:30 часот. Полициски службеници од СВР Велес му дале знак за запирање на автомобилот, но возачот не постапил по наредбата и продолжил да се движи.

Откако возилото на крајот запрело, лицата што се наоѓале во него се дале во бегство.

По преземените мерки, полицијата успеала да ги пронајде двајцата сопатници. Станува збор за 15-годишен малолетник и 18-годишниот Т.М., двајцата жители на Велес.

Осумнаесетгодишникот бил лишен од слобода, додека со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на негов родител.

За случајот бил известен јавен обвинител, а полициските службеници продолжуваат со активности за пронаоѓање на возачот кој избегал од контролата.

Од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.