ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Ја малтретирал сопругата физички и психички!

НОВО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Ја малтретирал сопругата физички и психички!

Триесет и петгодишен маж од тетовско село бил лишен од слобода откако неговата сопруга пријавила дека ја малтретирал во семејниот дом, физички и психички, и ѝ упатувал закани.

Според информациите од полицискиот билтен, вчера во 17:30 часот полициски службеници од Полициското одделение Теарце го привеле Л.А. (35), постапувајќи по пријавата поднесена од неговата сопруга.

Таа пријавила дека во нивниот дом била изложена на физичко и психичко малтретирање, како и на закани од страна на сопругот.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против 35-годишникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.