Малолетно момче било физички нападнато од неколку врсници на автобуска постојка во скопската општина Карпош. Случајот во полиција го пријавил таткото на момчето, а надлежните преземаат мерки за утврдување на сите околности.
Според информациите од полицискиот билтен, вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, И.М. (52) од Скопје пријавил дека инцидентот се случил околу 13:15 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош.
Тој пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.




